Фриготерм е семејна компанија основана во 1988 година во Скопје. Повеќе од 35 години нудиме продажба, сервис и поддршка за професионална угостителска опрема, како и увоз и дистрибуција на врвни европски брендови. Нашиот успех е изграден врз доверба, долгогодишни партнерства и посветеност кон квалитетот.
Со цел да понудиме врвен квалитет и комплетни решенија за нашите партнери, започнавме со увоз и дистрибуција на премиум брендови, меѓу кои и италијанското кафе Hausbrandt. Денес нашето портфолио ги вклучува и светски познатите брендови Cimbali Group, Carpigiani, Scotsman, Ronnefeldt, ECM и други.
Низ годините изградивме доверба кај голем број клиенти, темелејќи го нашиот успех на професионалност, квалитетна услуга и посветеност. Гордост ни се долгогодишните соработки и лојалноста на клиентите кои нѐ избираат и препорачуваат со години.
Токму овие вредности се основата на Фриготерм и денес.